Македонија
6. October 2015 - 17:08

Шлаканицата од САД за Грција за името на Македонија го збесна грчкиот Претседател

Грчкиот Претседател Прокопис Павлопулос го искористи моментот на одбележување 103 години од почетокот на ослободување на територијата на Македонија од турската окупација за да ги нападне сите што не ги почитуваат грчките позиции во однос на грчкиот карактер на Македонија.

Според грчките медиуми очигледно е дека последната шлаканица што Грција ја доби од официјален Вашингтон, кој одби да го смени уставното име на Република Македонија на Самитот посветен на борба против Исламската држава, и поради што на конференцијата одби да учествува грчкиот Премиер Ципрас е главен мотив Павлопулос да удри по меѓународната заедница.

Во својот говор грчкиот Претседател  изрази незадоволство  од тие што се индиферентни кон спорот за името, а посебно кон симпатизерите на Скопје , кои ги оцени како ,,неповратни, директни и индиректни соучесници во бесно силување на историјата‘‘.

Павлопулос  на обраќањето пред присутните додал дека Македонија е колевка на цивилизацијата и на храброста на Грците. Тој го повторил говорот при неговата инаугурација во кој ,,фалсификаторите‘‘ на историјата кои се осмелуваат да тврдат дека Македонија нема грчки карактер се исмејувани поради своите небулозни тврдења, повторувајќи дека Македонија е грчка и ќе остане грчка