Силјановска Давкова: Очекувам да го зацврстам резултатот
Се надевам дека граѓаните ќе сфатат оти избирачкото право е нивно, едно од најважните политички права, ќе го употребат и ќе го изберат кандидатот по нивна мерка, изјави денеска кандидатката за претседател на државава поддржана од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска – Давкова, по гласањето на претседателските и парламентарните избори.
Таа рече дека очекува Бугарија, бидејќи е во Европската Унија, да го следи моделот на Шведска, Данска и Финска, кои, како што посочи, биле главни поддржувачи на Летонија и Естонија.
- Значи оној што е напред, да ни го покаже патот, со нас да чекори заедно по патот. Мислам дека тогаш нема да има ниту една причина ние да не се почитуваме, да не соработуваме во сите области, не само во мојата, туку и во политиката. Значи јас сум, се разбира, предодредена да соработувам со бугарските колешки и колеги, немам друга алтернатива, изјави меѓу другото, Силјановска – Давкова.
На новинарско прашање, дали ќе се види со бугарскиот претседател, таа одговори дека засега, не може да каже.
- Не можам да кажам сега, не знам. Меѓутоа една од моите први изјави беше дека јас нема да патувам ниту во Брисел, ниту по светот, освен ако не ме викнат, дека првите средби би сакала да ги имам со соседите, бидејќи ние мора да градиме регионална политика. Само така и во ЕУ ќе бидеме посилни и од кого да очекувам јас разбирање и помош, ако не од соседите, рече Силјановска – Давкова.
Ново на Сител
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда
-
Македонските одбојкари поразени и од Чешка во Европската златна лига