Свет
29. March 2016 - 8:33

„Скај њуз“: ИД планира напади врз еврејски деца во Турција

Британскиот „Скај њуз“,повикувајќи се на разузнавачки извори, соопшти дека Исламска држава планира напади врз еврејски деца во Турција, а нивна цел може да бидат градинки, училишта и младински центри.

Уредникот на надворешнополитичката редакција на „Скај њуз“, Сем Кили, изјави дека информациите за „непосредната закана“ се добиени од шестмина оперативци, уапсени минатата недела на југот од Турција.

Засега не е јасно која разузнавачка служба ја проследила оваа информација до „Скај њуз“, наведуваат британските медиуми, напоменувајќи дека не може да се потврдат овие наводи.

Разузнавачки извори тврдат дека заради овие наводи во еврејските заедници се воведени вонредни мерки за безбедност.

„Скај њуз“ наведува дека најверојатната цел на напад е синагогата во Истанбул, покрај која се наоѓа училиште.