Скопската Зоолошка градина доби морски лавови
Вчера вечер во скопската Зоолошка градина доби два нови жители – двојка морски лавови кои пристигнаа од Загреб. Двајцата мажјаци се сместени во нивното ново живеалиште кое се протега на околу 200 квадрати, со базен од 350 кубни метри околу кој има патека за посетителите.
Она што е особено интересно е тоа што има партер од каде животните ќе можат да се гледаат кога пливаат и под вода. Посетителите ќе можат да ги гледаат од повеќе страни и нивоа, а најинтересно е што еден дел од живеалиштето е застаклен и од тука ќе може да се набљудуваат како пливаат.
Новото живеалиште е изградено на истото место каде пред 10-12 години живееле морски лавови. Извршена е реконструкција на постоечкото, но додадени се и нови содржини, сето тоа според пропишаните стандарди.
За новите жители се грижат двајца зоо-негуватели кои пред неколку месеци беа на обука во Загреб и веќе се спријателија со двојката.
За возврат за двојката морски лавови, скопската ЗОО на Загрепската градина ќе и подари два белоглави орли.
Оваа размена е резултат на одличната соработка со нашите колеги од Загреб со кои и досега сме работеле на обнова на фондот по пат на размена.
Морските лавови се многу интересни животни, многу се подвижни при пливањето и нуркањето. Можат лесно да се дресираат и да научат разни вештини. Живеат на јужниот брег во Северна Америка. Се хранат исклучиво со риба и морски плодови.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против градоначалник поради противзаконито располагање со буџетски средства
-
Фоден играч на сезоната во Премиер лигата
-
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци