Фудбал
16. November 2015 - 13:20

Со истиот состав и против Либан

Фудбалската репрезентација на Македонија утре, вторник во 13ч го игра и вториот контролен дуел под водството на Игор Ангеловски. Противник на Филип Втори селекцијата на Либан. 

По тој повод денеска прес во ФФМ на новиот предводник на „рисовите“:
„ Оние што добро ме познаваат знаат дека не сакам многу да менувам па затоа против Либан ќе истрчаме со истиот состав како и против Црна Гора. Единствена дилема е кој играч ќе заигра на местото на Агим Ибраими. Ќе играме против една силна селекција која е со сличен рејтинг како нас на ФИФА листата но тоа не треба да не залажува“- смета Ангеловски кој уште еднаш истакна дека играчите не смеат да го потценат противникот туку да се одигра уште еднаш на високо ниво и да се постигне втора победа во серија.