Македонија
14. February 2017 - 21:33

Состанок на работните групи од ДУИ и ДПА - Движење за реформи

 Во тетовското седиште на ДПА - Движење за реформи вечерва се одржа двочасовен состанок на работните групи од ДУИ и ДПА - Движење за реформи односно коалицијата Алијанса за Албанците.

Од ДУИ на средбата присуствуваа потпретседателите Теута Арифи, Невзат Бејта и Изет Меџити, додека од ДПА - Движење за реформи потпретседателот Агон Ферати, секретарот Арбен Таравари и пратеничката Арта Точи.

-Ова беше средба на работните групи од нашите партии во духот на платформата на Албанците во Македонија. Исто така можам да ја третирам средбата како конструктивна бидејќи отворено разговаравме за тие точки што се многу важни и особено оние точки што доближуваат Македонија кон НАТО и ЕУ, изјави Теута Арифи.

Травари рече дека станува збор за конструктивна средба на работните групи од двете партии на која ги разгледале сите точки од платформата на абанските партии во Македонија. - За нас како политичка партија и коалиција Алијанса за Албанците многу е важно да се реализираат сите точки од платформата на албанските партии без разлика кој ќе биде во комбинација на идната влада, посочи Таравари