Македонија
14. October 2021 - 20:02

Спасовски: Посветени сме да ги помагаме општините и да го унапредуваме квалитетот на животот на граѓаните

Централната власт е посветена да ги помага општините и проектите кои го унапредуваат квалитетот на животот на граѓаните, порача вечерва на средби со граѓаните во Општина Чучер Сандево, потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски.

– Во недела во Чучер Сандево гласаме за Општина предводена од Сашо Комненовиќ и советници кои ќе соработуваат и ќе реализираат проекти. Како централна власт заедно ќе соработуваме и ќе ги поддржиме проектите на Сашко, кои ќе ги планира за подобрување на животот на жителите од Чучер Сандево, рече Спасовски.

Тој ги повика граѓаните на Чучер Сандево в недела да излезат масовно и да гласаат за „најдоброто“.

– Да гласаме за број 12 за Сашко Комненовиќ за градоначалник и листите за советници предводена од Сања Белинска, порача Спасовски.