Според очевидците, жена без дозвола го прегазила детето во Ѓорче Петров
Автомобилот „опел астра“, со кој во неделата бил прегазен десетгодишникот на улицата Борис Сарафов во Ѓорче Петров, го управувала жена без возачка дозвола, а по несреќата на нејзиното место седнал сопругот-полицаец, дознава „Нетпрес“. Според очевидци на несреќата, затоа ниту сообраќајците не го направиле увидот според правилата за да го заштитат колегата. Сопружниците наводно го преместиле автомобилот од местото каде што се случила сообраќајката, што е спротивно на Законот за безбедност во сообраќајот, па и полицајците на увид вршеле мерења на погрешно место, што предизвикало револт кај очевидците. Дознаваме дека во меѓувреме биле сменети браниците на возилото.
Според последните информации, здравствената состојба на прегазеното дете е подобра, но се чека да се извршат нови испитувања за да се утврди понатамошното лекување. Родителите на детето, велат нивни блиски, подготвуваат тужба за учесниците во сообраќајката, но и против институциите за неправилно водена истрага и увид.
Жителите на Ѓорче Петров, иако во помал број од вообичаеното, и денеска се собраа на мирен протест на улицата Борис Сарафов пред Основното училиште „Мирче Ацев“ со цел да се зголеми безбедноста и спречат несреќите на улицата.
Во меѓувреме се поставени неколку заштитни столбчиња на тротоарите покрај училиштето, но граѓаните остануваат на барањето да се постават легнати полицајци и да има постојана полициска контрола.
-Советот на родители на денешниот состанок формираше тим и донесовме одлука да побараме официјална средба со градоначалникот на Општината Александар Наумовски, скопскиот градоначалник, Петре Шилегов и одговорен во МВР да разговараме за комплетни решенија, а не само еден семафор- рекоа од Советот.
Блокадите на улицата продолжуваат и понатаму.
Ново на Сител
-
Краткотрајно невреме следните денови, со пороен дожд, град и грмежи
-
Ново задолжување од 35 милиони евра
-
Приведена 23 годишна девојка од Кочани, натепала 69 годишна жена ѝ ја одзела чантата со пари
-
Продолжува дигитализацијата на општина Кисела Вода
-
Саборот ќе гласа за новата хрватска влада
-
Најмалку четворица загинати во невремето во Хјустон
-
СПМ: Владите на СДС со катастрофалните политики ја доведоа државата во подредена состојба
-
Сообраќаен метеж и гужва кај „Веро Џамбо“ поради сообраќајка | ФОТО