-->
-->
Спортинг и Ристовски поразени во шампионското дерби
-->
Голема битка за шампионскиот трофеј се води во Португалија а се чини решавачкиот меч го доби Порто и тоа против директниот конкурент Спортинг со 2-1 со што сега има комотни 8 бода предност пред Спортинг и Бенфика на врвот од табелата. Лисабонските „лавови" за кои стартер беше и нашиот репрезентативец Стефан Ристовски повторно во кус рок загубија од големиот ривал со еден гол разлика.
Ристовски играше до 68. минута и беше заменет при резултат 2:1 за Порто, а одигра сосема коректно. Маркано и Брахими со по еден погодок му донесоа триумф на домаќинот.
Ристовски и соиграчите сега се во полоша позиција и од Бенфика, којан има ист број на бодови 59, но и меч помалку.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите
-
Стабилна состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект
-
Високиот крвен притисок причина број еден за смртни исходи
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Џевдет Хајредини
-
Таравари: ВРЕДИ во Владата ќе има 6 министерства и претседател на Собрание
-
Силјановска со културна дипломатија ги затоплува односите во Бугарија