Свет
23. September 2015 - 15:25

СТРАШНО: Погледнете како изгледа тинејџер на кој џихадистите му наредија да умре

Џафар Ал Тајер беше тинејџер кога му наредија да умре. Џихадистите го натерале да биде бомбаш самоубиец.

За време на напад на едно село во Сирија на Тајер му наредија да се разнесе со експлозив. Тој не замина во смрт желен за мачеништво. Сосема спротивно.

Му било наредено да вози тенк полн со експлозив низ селото Фуа кое било под опсада. Неговото лице пред да го даде гасот покажува дека би дал се само да излезе од возилото. Неколку минути подоцна се гледа голема печурка која покажува дека џихадистите од групата на Имам Букрија Џамат којс е бори на страна на Ал Каеда ја исполниле нивната мисија. Момчето го загуби животот.

Снимката настанала за да се покаже како момето заминало во славна смрт. Реакциите на луѓето, секако, беа сосема поинакви.

tajer3if

Последниот поздрав на момчето, со прст вперен во воздух како симбол на славење на бога, брзо е сменет со неговото престрашено лице.

Тинејџерот се врти околу себе и сфаќа дека нема да живее уште долго. Плаче додека соборците го убедуваат да се убие и однесе со себе и други во смрт.

tajer5

За тоа колку џихадистите свесно го жртвувале Тајер покажува и фактот дека има две снимки, снимани од две различни локации.

А неговото лице раскажува приказна потешка од секој кадар.

tajer4 jpg