Суд во Солун ослободи македонски државјанин уапсен под сомнение за трговија со дрога
Суд во Солун прогласи за невин и ослободи 38-годишен државјанин на Македонија, уапсен во јануари годинава под сомнение дека тргувал со дрога, поради што му беше одредена и мерка притвор, јави дописничката на МИА од Атина.
На 26 јануари годинава, 38-годишнкиот бил уапсен во рурален дел во близина на Кукуш, откако нелегално и пеш влегол во Грција, при што, според полицијата, поседувал 827 грама хероин.
Уапсениот, кој веројатно е овчар, уште од првиот момент негирал дека има каква било поврзаност со трговија на дрога, а подоцна од лабораториското испитување било потврдено дека навистина не станува збор за хероин.
– Примерок од запленетата супстанција, карактеризирана како хероин, беше испратена до лабораторијата, која месец и половина по испитувањето, писмено потврди дека не станува збор за дрога, но без да прецизира за што точно станува збор, објави грчката новинска агенција АНА-МПА.
Судот во Солун врз основа на извештајот од хемиската лабораторија, го прогласил осомничениот за невин за поврзаност со дрога, но му одреди затворска казна во траење од три месеци за нелегален влез во Грција
Ново на Сител
-
ЦУК: Во последното деноноќие 1.616 повици на 112
-
Абас: Израелската армија ќе го нападне градот Рафа во наредните денови
-
На пролетен фестивал во Германија, повеќе од 800 луѓе се заразиле со стомачен грип
-
Расистички навреди кон Нико Вилијамс
-
Од Либан истрелани 26 ракети кон северот на Израел
-
Анкета во САД: Поддршката за Бајден на историски најниско ниво од 38,7 отсто
-
Во Скопје санкционирани 142 возачи, 52 за брзо возење
-
Учениците од утре на пролетен распуст, наставата ќе продолжи на 7 мај