-->
-->
Судар на две возила во Штип, едно лице со тешки повреди префрлено на Клинички во Скопје
-->
Вчера во 10,15 часот на магистралниот пат Велес-Кочани, на влезот во Штип, односно кај приклучокот од улицата „Брегалничка“, во близина на Царинскиот терминал „Балекс“-Штип, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Шкода Октавија“ со бугарски национални ознаки управувано од В.Д.Ч. (53) од Благоевград- Р.Бугарија и патничко моторно возило „Опел Астра“ со штипски регистерски таблици управувано од Н.Л.(37) од Штип.
По незгодата Н.Л бил пренесен во Клиничката болница во Штип, каде му била укажана лекарска помош и му била констатирана тешка телесна повреда по што бил испратен на понатамошно лекување во Комплексот клиники “Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Штип.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Истрага за насилство во училиште во Битола, мерка притвор за еден од извршителите
-
Ѓорги Божинов, генерален секретар во кабиентот на Сиљановска
-
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
-
Екстрадиран Бесим Красниќи
-
Полуматуранти од Црна Гора го запалија училиштето | ВИДЕО
-
Мицотакис: Без почитување на Договорот од Преспа, патот кон Европа ќе остане затворен
-
Унгарија стави вето на резолуцијата на Советот на Европа за Украина
-
Бербок: На Украина и е потребно оружје со долг дострел