Судот во Стразбур пресуди во полза на Навални во спорот против Русија
Европскиот суд за човекови права во Стразбур пресуди денеска дека рускиот опозициски политичар Алексеј Навални има право на отштета за судската пресуда што му беше изречена во 2014 година.
Руски суд ги осуди Навални и неговиот брат Олег за измама и перење пари. Навални тврди дека се работи за притисок од страна на руските власти против него. Двајцата беа притворани за овој и за уште еден случај на измама за кој беа обвинети.
Според Судот во Стразбур, оваа пресуда против Навални била „произволна и неразумна“.
- Победивме. Ви благодарам на сите за поддршката, објави Навални на својот Твитер профил по објавувањето на пресудата во Стразбур.
Навални е познат по неговите чести кампањи и протести против рускиот претседател Владимир Путин, кого го обвинува за корупција и автократија.
Ново на Сител
-
Тешко повреден велосипедист во сообраќајка на Средно Водно
-
До петок нестабилно време со повремен пороен дожд, град и грмежи
-
СДСМ во среда ги почнува подготовките за избор на ново раководство - закажан состанокот на Извршниот одбор
-
Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано