Македонија
8. May 2024 - 19:48

Таравари: Има поткуп на гласови од оџи и од функционери на ДУИ

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари денес заедно со семејството, го оствари своето право на глас на избирачко место во Гостивар, при што изјави:

„Ние гласавме. Апелирам и до сите граѓани што помасовно да ја изразат својата волја и на крајот на денот да ги изброиме ливчињата. Да видиме кој е победникот. Според единствената анкета која постои меѓу двата круга најверојатно следната влада ќе биде составена од ВМРО и Влен. За албанскиот блок ова е историски ден. Кажав и претходно, 8 мај ќе биде историја за Албанците и за ова ќе пишува во книгите. По 22-годишен режим на ДУИ, мислам дека ДУИ од денес е во опозиција. И тие се свесни и го знаат тоа“.