Џет-Сет
3. December 2015 - 9:37

Татјана Лазаревска си ја отвори душата - Еве зошто се врати во Македонија

Татјана Лазаревска со својот сопруг Новица пред некое време се пресели во Австралија, а сега сама се врати за новогодишните празници и секако настапи и гостувања. 

Татјана за порталот ЕстрадаПлус на тема на својот нов живот во Австралија и дали и недостига Македонија изјави:

А што мислите зошто сум тука?.. Ние сме Македонци, Македонија е дел од нас и ние сме дел од неа. Тоа и да сакаме да го смениме не можеме. Среќа што не сакаме да го смениме. Ние го сменивме само местото на живеење, и на Марс да се качиме, повторно ќе бидеме Македонци и среќни.

Ние сме слободни уметници со слободен дух, да го смениме местото на живеење не значи ништо. Таму сум со фамилијата, и не ми е важно каде сум туку со кого сум. И во Македонија бев среќна и таму сум среќна и на Марс да се качам ќе бидам среќна.