Македонија
12. February 2021 - 11:32

Тешка сообраќајка на патот Кичево - Гостивар, повредени се 4 лица

На 11.02.2021 во 14.00 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило „мерцедес“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Н.(55) од Кичево и патничко возило „опел астра“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од В.М.(23) од Кичево. Притоа, со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Битола, се здобила А.М.(19) од Кичево, сопатник во патничкото возило. Со телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево, се здобиле возачот на возилото „опел астра“, 17 - годишен сопатник и И.А.(22), сите од Кичево. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кичево.