Македонија
8. May 2017 - 13:46

Тешка сообраќајка во тетовско

Вчера околу 10:30 часот на крстосницата на регионалниот пат со локален пат за с.Нистрово случена е сообраќајна незгода помеѓу ПМВ “Опел Астра“ со тетовски регистерски ознаки управувано од З.М.(52) од Тетово и ПМВ “Мерцедес“ со скопски регистерски ознаки управувано од А.С. (45) од Скопје. Од незгодата, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот З.Ј. по што со возило на ИМП бил пренесен во МЦ-Гостивар. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на ПС-Гостивар. Се работи на целосно расчистување на случајот.