Македонија
25. November 2022 - 12:16

Тешко повредена малолетничка на тротинет, откако во неа удрило „алфа ромео“

На 24.11.2022 во 14.30 часот во Полициската станица Гостивар било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Гостивар, патничко моторно возило „алфа ромео“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ш.М.(29) од Гостивар, удрило во тротинет управуван од малолетничка од Гостивар.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општата болница во Гостивар. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гостивар.