Македонија
27. April 2023 - 12:13

Тешко повредена жена и малолетничка во сообраќајка во Скопје

На 26.04.2023 во 21.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Козле“ и ул.„Брадфордска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(36) од Скопје и патничко возило „шкода суперб“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Е.М.(32) од с.Грчец, општина Сарај.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката од возилото „фиат пунто“, М.Т.(36), а со телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од истото возило, двете од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.