Македонија
3. March 2023 - 12:22

Тетово: Полицијата при претрес на „порше“ пронајде кокаин

На 02.03.2023 околу 14.00 часот на улица „188“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 45-годишниот Х.К. од тетовска Мала Речица, затоа што при претрес во неговото возило „порше“ со тетовски регистарски ознаки бил пронајден и одземен кокаин.

Тој бил задржан во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.