Македонија
27. September 2018 - 18:27

Трајковски ги повика жителите на Делчево масовно да го поддржат референдумот

Градоначалникот на Општина Делчево Горан Трајковски на денешното обраќање, по повод претстојниот референдум, истакна дека Европската Унија ги отвора вратите за „европско Делчево“

- Бидете одважни и сигурни дека ние ја носиме и креираме нашата иднина и иднината на нашите деца. Ние мора да го изградиме нашето Делчево по европски терк и да ја донесеме Европа дома, а не нашите деца да одат во Европа. Имаме историска шанса да ја оствариме оваа визија и да ја промениме перцепцијата. Сакаме во родното место, да се гради и живее иднина, рече Трајковски.

Посочи дека крај на 27 годишната агонија во која живееме, може да се стави само на референдумот на кој не се гласа за партии и личности туку за судбоносна одлука за нашата држава, што граѓаните ќе ја донесат со нивниот глас. 

- На 30-ти септември е нашата шанса за иднината. Да затвориме едно тешко поглавје и од 1 октомври да продолжиме понатаму. Ве повикувам масовно да излезете во недела и гордо и достоинствено да гласате „за“ перспективната иднина на вашите деца, порача Трајковски.