Трамп победи на републиканските прелиминарни избори во Невада
Американскиот бизнисмен Доналд Трамп победи на синоќешното прелиминарно гласање за избор на републикански кандидат за претседател на САД, што се одржа во сојузната држава Невада.
Според се уште неконечните разултати од гласањето на 40-те илјади делегати на републиканските изборни собранија во Невада, Трамп освоил над 46,5 отсто од гласовите, сенаторот од Флорида, Марко Рубио речиси 24 проценти, а сенаторот од Тексас, Тед Криз - нешто под 20 отсто.
Далеку зад нив се неврохиругот Ден Карсон со нешто над пет проценти од гласовите и гувернерот на Охајо, Џон Кејсич со речиси четири отсто.
Како што јави ТАСС, Невада делегира 30 претставници на Републиканската национална конвенција на која официјално ќе биде избран кандидатот на републиканците за претсдетаел на САД, што ќе се одржи од 18 до 21 јули во Кливленд.
Следните прелиминарни избори се предвидени за 1 март, кога на т.н. супер вторник ќе се гласа во над 10 американски сојузни држави.
Ново на Сител
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош