Македонија
7. May 2024 - 12:26

Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено

Страшна сообраќајна несреќа рано утрово, што се случи околу 2 часа по полноќ ги вознемири скопјани. Во близина на мостот Влајко „шевролет“ се судри со „ауди“. Во несреќата повредени се три лица. Полицијата и надлежните екипи во раните утрински часови интервенираа на местото на несреќата, а улицата блокирана.

„Шевролетот“, управуван од 32-годишна скопјанка утрово стоеше преполовен на булеварот, а аудито на само неколку метри од него.

Согласно информациите на полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената којашто управувала со шевролетот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. А возачот на аудито и неговиот сопатник се здобиле со телесни повреди. 

За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Скопје. Граѓаните утрово беа фрапирани од оваа собраќајна несреќа, а сообраќајот се одвиваше отежнато.