Триесетдневен притвор за косовски и за македонски државјанин
Две лица, еден косовски државјанин и еден македонски државјанин, денеска добиле по триесет денови притвор од страна на судија во претходна постапка во тетовскиот Основен суд, информираше попладнево портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
Во првиот случај станува збор за косовскиот државјанин У.Н.(27) по кого било распишна меѓународна потерница за сторени кривични дела во Република Словенија.
- Косовскиот државјанин бил лишен од слобода на граничниот премин Јажинце и вчера околу 15 часот бил донесен во СВР Тетово односно Полициската станица Тетово. Денеска предпладне беше изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово кој му определил мерка притвор од 30 дена и која веќе ја издржува во КПУ „Тетово“ изјави Јосифовски.
Во вториот случај триесет дена притвор судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово попладнево му определил и на Н.З.(51) од тетовското село Одри кај кого вчера беше извршен претрес во домот и помошни простории и беше пронајдено оружје и муниција односно пушкомитралез ДЕ 806 калибар 7,62 милиметри, ловечки карабин “Стејер“, исто така калибар 7, 62 милиметри за кој поседувал дозвола, 406 куршуми калибар 7,62 милиметри ставени во реденик, најлонско ќесе и метална кутија како и 150 куршуми калибар 12,7 милиметри што се наоѓале во две затворени метални кутии.
- Вчеравечер околу 22 часот и 30 минути тој беше лишен од слобода и во консултација со јавен обвинител беше задржан во СВР Тетово по што против него изготвена е кривична пријава за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи ( член 396 од Кривичниот законик на Република Македонија ). И тој денеска предаден е во КПУ „Тетово“ рече Јосифовски.
Ново на Сител
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања