Трифонов за помошта на Бугарија: Кога гори твојата и куќата на соседот, не треба да ја гаснеш таа на соседот
Лидерот на партијата „Има таков народ“, Слави Трифонов, синоќа реагираше на одлуката на бугарскиот претседател Румен Радев и на привремената влада за испраќање на помош за справување со пожарите во Македонија, во ситуација кога горат пожари и во Бугарија.
– Прекрасно е да си солидарен, но не мислам дека кога истовремено горат твојата и куќата на соседот, ти треба да заминеш да го гаснеш пожарот на соседот. Одлично е што и помагаме на Македонија, и така е правилно, но до што води тоа? Кај нас пожарникарите не се доволи и со пожарите треба да се справуваат шумските службеници – порача Трифонов.
Веста за пожарите во Македонија е главна тема во бугарските медиуми, кои потсетуваат дека Бугарија им помага на Пехчево и на Делчево во справувањето со пожарите.
Ново на Сител
-
Први преговори ВМРО-ДПМНЕ - ВЛЕН
-
Мицкоски: Во изјавите ќе го користиме терминот Македонија
-
Мицотакис: Не ги потпишуваме договорите од Преспа, тие се наше оружје
-
Се поставуваат безбедносни камери во зградата на Кацарска, овој инцидент е загрозување на нејзината безбедност
-
Демири не кажа дали договорците на Токсикологија се стручни туку му било жал што работеле без пари
-
Анализа на македонски експерти: Кои се мотивите за атентатот врз словачкиот премиер?
-
Палевски преноќи во Шутка
-
Прегласување: Течат роковите за тужби до Управен