Трудо: Канада ги повлекува борбените авиони од Ирак и Сирија
Новиот канадски премиер Џастин Трудо изјави дека на претседателот на САД Барак Обама му порачал оти канадските борбени авиони ќе бидат повлечени од борбата против Исламска држава во Ирак и Сирија, но не прецизираше кога тоа ќе се случи.
Трудо на прес-конференција изјави дека со Обама разговарал по телефон и оти посочил дека канадската борбена мисија ќе заврши.
Канада минатата година испрати борбени авиони ЦФ-18, кои би требало да останат во мисија до март 2016 година, како и 70 специјалци за обука на Курдите во северен Ирак.
За време на предизборната кампања Трудо вети дека ќе ги врати борбените авиони во Канада и ќе стави крај на нивната мисија во Ирак и Сирија, додека екипите за обука ќе продолжат да работат.
Во телефонскиот разговор Обама му честитал на победата на новиот канадски премиер на изборите во понеделникот.
Ново на Сител
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје
-
Град Скопје: Казнето правното лице кое монтира панорамско тркало во Карпош