Убиени 18 лица во ракетни напади извршени врз хотел во Јемен
Најмалку 18 лица, главно офицери од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ), се убиени во неколку ракетни напади извршени денеска во Аден, кој е привремен главен град на меѓународно признатата Влада на Јемен.
Експлозии го погодија хотелот „Ал Каср“ во вториот по големина јеменски град. Јеменскиот премиер Халед Бахах и неговите министри од кабинетот се сместени во овој хотелот од минатиот месец кога се вратија во државата по шест месечен егзил во Саудиска Арабија.
– Има загинати и повредени, изјави полициски извор.
Премиерот Бахах не е повреден во нападите, наведуваат локални медиуми.
Експлозии потресоа и две згради во Аден каде се наоѓаат офицери од ОАЕ, јави ДПА. Високи претставници на јеменските власти и војници од Емиратите се евакуирани со хеликоптер.
Меѓународно признатата Влада го прогласи Аден за привремен главен град, откако Сана беше заземена од проирански шиитски бунтовници кон крајот на минатата година. ОАЕ е дел од арапската сунитска коалиција која се бори против бунтовниците во Јемен.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста