Македонија
9. February 2024 - 16:01

Украле автомобил и телефон, кривична за тројца разбојници

ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против П.М.(24) и Н.И.(30) двајцата од Кавадарци и Р.С.(20) од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“.

Како што соопшти МВР, на 24.10.2023 во н.Глишиќ, пријавените извршиле разбојништво над едно лице, при што му го одзеле мобилниот телефон и патничкото возило.