Унгарија испраќа засилување на Косово во контигентот на КФОР
Унгарија ќе го зголеми своето воено присуство во Косово во наредниот период, и во составот на КФОР ќе имаат 500 припадници, јави Балканската мрежа за безбедност.
Порталот потсетува дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто на неодамнешниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел објави дека неговата земја значително ќе го зголеми военото присуство во Косово и Авганистан.
„Безбедноста на регионот на Западен Балкан е клучна за Унгарија и Европа“, рече Сијарто, прецизирајќи дека уште 100 припадници ќе бидат распоредени во мисијата на КФОР и уште 70 за Централна Азија.
Порталот проценува дека со одлуката, Будимпешта ја зајакнува својата позиција во НАТО и покажува дека смета дека безбедноста на регионот е еден од нејзините приоритети за надворешната политика.
„Може да се толкува и како порака за поддршка за Србија која бара од НАТО да не го намалува КФОР затоа што ги смета за клучна гаранција за безбедноста на српското население“, додава порталот.
Ново на Сител
-
Деветмесечно бебе донесено во неконтактибилна состојба, починало во болница во Охрид
-
ДИК ги соопштува освоените мандати за пратеници во новиот парламентарен состав
-
Претрес во Струмица, приведен осомничен дилер
-
Кривична против градоначалник за незаконско располагање со буџетски средства за време на избори
-
Расчистено двојното убиство во Стајковци
-
Напаѓачот на Фицо призна вина
-
Кривична и истрага против вработена во СВР Скопје, посредувала за добивање социјални станови
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет