Живот
20. October 2016 - 16:53

Упад во студио: Среде вести се појави неканет гостин

Презентерите на вести се навикнати на различни ситуации во текот на снимањето, но секако не и на тоа животно да им влета во кадар.

Токму тоа му се случи на овој водител.

Имено додека читаше вести, нему му се придружи едно маче. Малечкото маче почна да ѕирка, а потоа се качи на масата.

Водителот како вистински професионалец продолжи да ја работи својата работа, а кога заврши го погали мачето.

Потоа мачето го нахраниле и му нашле сместување. Имено, него го посвои еден од снимателите кој на прв поглед се вљуби во мачето.

Погледнете го видеото: