Ужас: Татко ја прегази својата едногодишна ќерка
Ужасна трагедија се случи во Лизинг во Корушка каде 39-годишен татко ја прегазил својата 20 месеци стара ќеркичка/
Тешко повреденото дете веднаш е префрлено со санитетски хеликоптер на клиниката во Клагенфурт.
До несреќата дошло кога таткото со својот автомобил сакал да излезе од дворот. Притоа не ја забележал ќерката во тревата од неговата десна страна.
Автомобилот го удрил девојчето и тоа паднало под десното задно тркало кој поминал преку неа. Спасувачката екипа веднаш и пружила прва помош и со хеликоптер е префрлена во болницата во Клагенфурт.
Не е соопштено во каква состојна е девојчето.
Полицијата на самото место му направи алкотест на таткото кој бил бо шок и тешка психичка состојба. Резултатите од тестот покажале дека несреќниот човек воопшто не пиел и во крвта имал 0,00 промили алкохол.
Ново на Сител
-
Љупчо Палевски Палчо екстрадиран од Турција и сместен директно во Истражниот затвор во Шуто Оризари
-
Тема на денот со Горан Илијевски - Партија на Македонците во Србија
-
Атентат врз словачкиот премиер
-
Флекс кредит и СОС Детско Село заедно за Денот на семејството
-
Предизборниот и постизборниот период продуцира економска криза, сметаат економистите
-
Со нож и се заканија на претседателката на Уставен Кацарска
-
Запален службениот автомобил на директорот на Идризово- оштетена и блиската зграда
-
Уставен го одби барањето на судиите да го врати коефициентот за повисоки плати