-->
-->
Ужас во Мексико: Комбе се преполови по судар со воз: Пет загинати и 10 повредени меѓу кои повеќето се деца
-->
Во средно Мексико дошло до судар на комбе и воз, при што загинале 5 лица, а повредени се 10, меѓу кои и шест деца, соопштија локалните власти.
Министерството за цивилна одбрана во мексиканската држава Халиско соопшти вчера дека несреќата се случила во местото Лагос де Морено во североисточниот дел од таа држава.
Министерството во соопштението на Твитер објави и фотографија од преполовеното комбе покрај патот, во близина на вагон-цистерна.
Сите загинати и повредени патници се од комбето, соопштија властите.
Министерството не ја наведе причината за несреќата, но ги повика возачите да не се обидуваат да ја преминуваат пругата кога ќе видат дека се ближи возот и да не превезуваат луѓе во делот од комбињата кој е предвиден за транспорт на роба.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука