Македонија
4. May 2024 - 16:49

Велигденската трпеза годинава поскапа од лани

Поскромна од лани, ваква ќе биде трпезата за Велигденските празници кај најголем дел од граѓаните. Повеќе салата, помалку месо. Ако нема јагнешко, ќе се јаде пилешко или свинско, велат граѓаните. А цените за килограм јагнешко надминаа 10 евра. Свинското и пилешкото се од 450 до 500 денари.  

- Цената на килограм јагнешко е 630 денари, ама нема. Најмногу граѓаните купуваат кременадли, односно свинско и пилешко, вели продавач на месо.

Раздвижено и на пазарите. Се прават последните подготовки за утрешниот ден каде помладите се собираат кај повозрасните на ручек. Но, цените за 30% повисоки од пред неколку дена

- Килограм домати е од 200 до 250, краставици – 150 до 200 денари.. Не се толку високи, колку што е се покачено. Нашите производи се домашни, ние произведуваме, велат продавачите

- Не се цените високи, исти како лани се, пензиите се ниски, велат граѓаните

- Скапо е, доста се високи цените, вели друг

Денеска завршуваат велигденските пости. Христијаните кои изминатиов период 40 дена јадеа посна храна, веќе од утре – можат до се почастат со мрсно - толку колку што им дозволува буџетот.