ВМРО-ДПМНЕ бара итни мерки поради аерозагадувањето
Скопје се гуши. Македонија тоне во смог. Зоран Заев наместо за здравјето на граѓаните се грижи за профитот на олигархијата која согорува кокс со 18% сулфур и обоен текстил во нивните фабрики.
Нивото на загаденост на воздухот со канцерогените ПМ10 честички е и до 15 пати над дозволеното.
Скопје, Битола, Струмица, Куманово, Тетово и Кавадарци тонат во загаден воздух, а граѓаните ги полнат болниците.
Со цел превентивна заштита на граѓаните. Потребна е итна имплементација на следните три мерки:1. Бесплатен јавен превоз во автобусите на ЈСП додека загадувањето не се намали и состојбата со загадениот воздух нормализира; 2. Инспекциски надзор и затворање на погоните кои загадуваат; 3. Ослободување од работа на луѓе над 60 години, хронично болни и трудници.
Овие мерки Зоран Заев и Петре Шилегов веднаш да ги прифатат. Неспособноста нивна и игнорантскиот однос не донесе до тука. Потребно е итно делување.
Суштински мерки и проекти за справување со загадувањето ќе има по 12 април, кога владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе се зафати со систематско решавање на проблемот со загадувањето.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови