Македонија
8. February 2019 - 10:12

ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните чекаат СДСМ да се охрабри и да излезе на предвремени парламентарни избори

Граѓаните чекаат СДСМ да се охрабри и да излезе на предвремени парламентарни избори. Никој повеќе во државата не може да го игнорира расипништвото и арамилакот на власта. Потребно е СДСМ да си замине, ова денеска преку соопштение го потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Власта која за само една година ја задолжи државата и идните генерации за нови 450 милиони евра, а притоа нема  ниту една позначајна капитална инвестиција, не може да ја води Република Македонија напред, туку само назад. СДСМ за само една години со своето расипништво го зголеми јавниот долг нa над 5.2 милијарди евра, пари кои ќе треба да ги враќаат идните генерации. Власта треба да одговори на што се потрошени овие пари, кога нивото на реализација на капитални инвестиции е на рекордно најниско ниво од очајни 65%? Лудилото не запира тука. Власта која ја задолжи државата за неверојатни 450 милиони евра за една година без да направи било што за државата, сега лаже и вели дека ќе изгради нов Клинички центар за 480 милиони евра, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека власта која поништи веќе готов проект со обезбедени пари за Клинички центар кој ќе ја чинеше државата 4 пати помалку или 120 милиони евра, сега манипулира со 4 пати повисока сума, за проект чиј старт е неизвесен.

-Доколку СДСМ не го прекинеше проектот за изградба на ВМРО-ДПМНЕ до сега истиот ќе беше до половина реализиран, а неговото пуштање во употреба ќе беше за две години од сега. Поради СДСМ се ова е прекинато и нов Клинички нема, а тешко дека во догледно време и ќе има. Власта која расипнички се однесува со парите на граѓаните не заслужува да биде власт и мора да си замине. СДСМ направи преголеми штети за државата и затоа потребни се итни и неодложно предвремени парламентарни избори заедно со претседателските, се наведува во партиското соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.