Во Албанија рекордни 155 новозаразени, но и највисока бројка на тестирани за еден ден
Во изминатото деноноќие во Албанија регистритан е нов негативен рекорд на новозаразени со Ковид-19, но и рекорден број на тестирани.
– Во изминатите 24 часа Ковид-19 е дијагностициран кај 155 лица, што е највисока бројка досега,од кои најголем број се во Тирана и во Драч. Сакам да нагласам дека направени се и рекорден број тестови или 932 што е речиси двапати повеќе споредено со изминатите денови. Во исто време оздравени се 55, а починаа двајца пациенти, информираше Флутура Беќо од Институтот за јавно здравје.
Само во поседните четири дена во земјата се регистрани над 550 новозаразени.
Според неа до сега во земјата се направени 51.860 тестови, позитивни на вирусот биле 7.654, оздравеле 3.871 а починале 232 пациенти. Активни на болеста се 3.551 лице, од кои 85 се хопситализирани во двете ковид болници, при што 16 се во тешка состојба.
Албанската опозиција и понатамау не отстапува од барањето за зголемување на бројот на тестови до над 2.000 за еден ден.
Ново на Сител
-
Костадиновска-Стојчевска: Музеите имаат заштитничка улога за нашата историја, култура и идентитет
-
ДИК најави седница за 14 часот
-
Евакуирани околу 10.000 луѓе од украинската област Харков
-
Попладнево состанок на претседателството на ДУИ
-
Земјоделците да ги заштитат посевите, повремените врнежи погодни за појава на плевели, болести и штетници
-
Тешко повреден 57-годишник во сообраќајка во Битола
-
Повредени 5 лица во сообраќајка помеѓу три возила на патот Кичево - Осломеј
-
Во недела посебен режим на сообраќај во Скопје