Во дел од станиците на технички преглед во Скопје има налепници НМК, дел веќе ги потрошиле
Во дел од станиците за технички преглед во Скопје има налепници НКМ, во некои сеуште немаат добиено, а дел веќе ги потрошиле.
Од станиците за технички преглед што ги контактираше МИА, како Авто мото сојузот на Македонија, станиците за технички преглед на Здружението на возачи на Македонија во Кисела Вода и Карпош, ПСС и Цертус, налепници има во дел од нив.
Во Кисела Вода налепниците веќе се потрошени поради гужвите кои почале од утрината и како што ни изјавија оттаму не знаат кога ќе добијат нови налепници, додека во станицата за технички преглед на Здружението на возачи во Карпош не добиле налепници и не знаат кога ќе добијат.
Во станицата за технички преглед Цертус во населбата Ченто велат дека налепници за регистарските таблички со три бројки немаат, додека за оние со четири бројки имаат.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека освен оние возила што ја имаат ознаката НМК, сите останати треба да имаат налепница.
Возачите треба да дојдат во станиците за технички преглед со сопственото возило каде ќе пополат барање, а со себе треба да понесат лична карта и сообраќајна дозвола.
Нелепниците се даваат бесплатно, но треба да бидат ставени на регистарските таблички од страна на контролорите во станиците за технички преглед.
Обврската за налепниците НМК на регистарските таблички на возилата произлегува од одредбите на Преспанскиот договор потпишан со Грција.
Ново на Сител
-
Инаугурација на новата претседателка Гордана Сиљановска Давкова
-
ВМРО- ДПМНЕ и Вреди договорија начела за соработка за идна влада
-
Швајцарија победи на Евровизија
-
Во Скопје посебен сообраќаен режим поради улична трка
-
Бајден: Прекин на огнот во Газа е можен уште утре, доколку Хамас ги ослободи заложниците
-
Рама денеска ќе одржи собир во Атина за Албанците кои живеат во Грција
-
Литванците денеска гласаат за претседател
-
Сообраќајот на патиштатa се одвива непречено, по суви коловози