Кошарка
27. December 2015 - 15:59

Во Партизан казни за поразот од МЗТ Скопје

Раководството на трофејниот српски кошаркарски клуб Партизан донесе одлука да им одбие дел од платата на играчите и стручниот штаб. Ова одлука следува по неодамнешниот пораз во Аеродром од МЗТ Скопје.
 
- Од ситуација да се бориме за четвртата позиција, а сега сме во борба за опстанок. Лигата е толку изедначена што со една победа се менуваат многу нешта. Можеби бевме преголеми оптимисти, но сепак можевме во овој момент да имаме повеќе бодови и подобар пласман, изјави потпретседателот на „црно-белите“ Мирослав Бериќ.
 
Партизан по 16 одиграни средби во регионалната лига е со ефект шест победи и 10 порази и се наоѓа во долниот дел на табелата.
 
Вечер во 17.коло белградскиот тим игра на домашен терен со Игокеа.