Македонија
7. January 2017 - 16:14

Во Тетово синоќа се палеа бадникарските огнови и децата се маскираа

Со песната Бдња Баба и под маски децата во Тетово на Бадник навечер традиционално го одбележуваат празникот.
 
Одат по куќите и ја пеат песната а за возврат домаќинките ги даруваат овошје, бонбони или парички. 
 
И покрај снегот и сстуденото време луѓето од тетовските маала се  дружеа покрај бадникарски огнови. 
 
Во кафулињата и дискотеките карактеристични се забавите на маскираните и изборите на најдобри маски.