Свет
15. January 2024 - 8:55

Воени бродови, борбени авиони и 20.000 британски војници ќе учествуваат во вежба на НАТО

Британското Министерство за одбрана денеска соопшти дека 20.000 припадници на британската војска ширум Европа ќе учествуваат во голема вежба на НАТО во првата половина од оваа година, како и воени бродови и борбени авиони. Министерството соопшти дека 16.000 британски војници ќе бидат стационирани во источна Европа од февруари до јуни, како и ударна група носачи на авиони, нападни авиони Ф35Б и авиони за набљудување.

Вежбата на НАТО Steadfast Defender 24 ќе ја одбележи 75-годишнината од Алијансата. НАТО го зголеми бројот на борбено подготвени војници откако Русија ја нападна Украина пред речиси две години.

Британскиот министер за одбрана Грант Шапс по повод вежбата изјави дека таа ќе покаже дека 30-те земји членки на НАТО и Шведска „обезбедуваат безбедна одбрана од руската закана“.