Вучиќ: Ајде веќе еднаш упаднете да видиме како ќе тепате, ајде само да ве видам, доста само се заканувате
Тој рече дека неговиот митинг ќе се одржи на истото место и ја повика телевизија Пинк со истиот дрон да го снима и тој митинг, па да може да се споредат снимките и колку луѓе биле собрани.
Тој додаде дека на тој митинг ќе се говори за тоа што сè актуелната власт направила за Србија и кои се плановите за во иднина.
Тој рече и дека не се плаши од опозицијата и од нивните закани и ги повика да го спроведат насилството на кое повикуваат.
„Направете го веќе еднаш тоа насилно дејствување да видиме, немојте само да се заканувате, ајде упаѓајте да видиме како ќе тепате, ајде само да ве видам“, рече Вучиќ.
Тој рече дека вчерашниот собир покажува дека опозицијата не може да го премине цензусот и дека претседателката на Собранието на Србија, Маја Гојковиќ, ги повикала на дијалог и дека тоа е местото каде што треба да се дискутира.
Тој рече дека со закон не може да ги исполни нивните барања бидејќи тоа ќе биде директно нарушување на јавните услуги и дека протестите на опозицијата се бесмислени, дека не станало збор за никаква програма и дека цело време го навредувале него.
Според Вучиќ, опозицијата планирала да влезе во Собранието, но пратениците од Српската напредна партија „ги испреварија, па тие останаа без идеи и план, и затоа изгледаа избезумени на протестот и сè изгледаше како избезумена папазјанија“.
Ново на Сител
-
Кривична пријава за полициски службеник за малтретирање во вршење на службата
-
Обид за атентат врз словачкиот премиер по состанок на Владата
-
Нетанјаху ја отфрли Резолуцијата на ОН за поддршка на признавањето на палестинската држава
-
Часовници на Шумахер продадени на аукција за 4,1 милион евра
-
Намалени производството и продажбата на шумски производи
-
Тинејџерка со автомобил излетала од патот, тешко повредена сопатничката
-
За 216,2 отсто зголемени откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Закани кон претседателката на Уставен суд Добрила Кацарска, пријавено во МВР