За една недела 1.042 повици на „Ало докторе“
Во изминатите седум дена, од 31 август до вчера, регистрирани се 1.042 повици на телефонската линија за медицински совет „Ало докторе“. Граѓаните на 02/15 123 најчесто бараат медицински совет за кардиоваскуларни и респираторни симптоми, главоболки, покачена телесна температура, стомачен вирус, алергиски реакции и симптомна болка.
- Често се јавуваат граѓани за совети поврзани со терапијата што редовно ја примаат за хроничните болести и за симптоми поврзани со крвен притисок, информира Министерството за здравство.
Линијата е достапна секој ден, 24 часа, со цел да се овозможи непосредна медицинска консултација во моментот на појава на симптоми на нарушување на здравјето.
Од први септември линијата е засилена со тројца нови специјалисти. Дваесет и пет доктори вкупно се достапни за медицински совет за јавувањата кои се од граѓани од сите градови на Македонија.
На сите лица кои побараа медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“, како што се наведува, им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
Од 15 септември 2014 година, од кога работи телефонската линија досега има вкупно 50.676 повици.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода кавадарчанец кој му се заканувал на градоначалникот
-
Царинска управа: Одземена дрога испратена во мала пратка и огнено оружје од скопјанец
-
Едно лице загина, две се повредени во сообраќајка што се случи вчера на автопатот Куманово-Скопје
-
Во руски напад врз областа Харков загинаа 11 лица
-
Герапетритис: Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано
-
ЦУК: Пожарникари извлекувале човек паднат во река, вода од подруми, дворови, лифт
-
Најмногу дожд во Берово
-
Прегласување на седум избирачки места во петтата и шестата изборна единица во среда