Македонија
16. December 2023 - 11:06

Забрана за движење на возила на патот Берово - Беровско Езеро, укината забраната за тешки товарни возила на патот Делчево - граничен премин Делчево

Oд 10:00 часот воведена е забрана за движење на сите видови моторни возила на патен правец Берово - Беровско Езеро, поради обилни врнежи снег, соопшти АМСМ

Од 08.45 часот е укината забраната за движење на тешки товарни возила на магистрален пат А3 Делчево - граничен премин Делчево.

На патниот правец Тетово – Попова Шапка задолжителна е употребата на зимска опрема (синџири), поради снежни врнежи и силен ветер кој прави намети, информираат од ЈП „Македонија пат“.