Македонија
11. October 2021 - 19:26

Заев: Идните градоначалници да им служат на народот, а не да владеат со него

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното гостување во Вестите на Сител на идните градоначалници им порача да си го сакаат својот народ и да ја прифатат честа и одговорноста која што луѓето им ја даваат на изборите, да им служат на народот, а не да владеат со народот и да ги слушаат луѓето внимателно за своите потреби, да бидат фер и правични спрема сите, да ги распределат финансиските капацитети во форма на проекти и решавање на проблеми подеднакво на сите и во градовите и во населените места, секаде каде што живејат помалку бројните етнички заедници и секако програмите кои ги испорачуваат сега доаѓаат од граѓаните, но тие мора да бидат динамични. 

-Секоја година при формирање на буџетот да ги слушаат граѓаните што е според нив приоритет за нив, а не според општинската администрација или генерално според градоначалникот. Граѓаните се неприкосновените конечни одлучувачи на локално ниво, кој што се и во демократијата на државно ниво, затоа тие знаат што е најдобро, што е најголем приоритет за нив и затоа мојата препорака е да бидат отворени за граѓаните , секогаш проблемот на еден поединец, на едно семејство е можеби навидум само еден проблем, но за тоа семејство е најголем на светот, да бидат овде да помогнат во решавањето на тие проблеми, да не се препуштам само на работа на проектите и реализација на програмата, човечноста да не ја изгубат, да им служат на луѓето и да бидат секогаш до нив, вели Заев.