Зендели: Беса нема да го поддржи законот за ЈО
Пратеникот на Беса Фадил Зендели денеска изјави дека нема да гласа за потребата за донесување на законот за јавно обвинителство, и дека тие не биле консултирани за последната верзија на Предлог-законот што утрово пристигна во Парламентот.
Зендели рече дека нема да го поддржат овој закон, бидејќи тој е различен од онаа верзија која што била договарана и е веќе во собраниска процедура пред да биде испратена оваа верзија по скратена постапка.
Исто така, Зендели како и други пратеници претходно, кажа дека со оваа верзија се прави амнестија на високи политичари кои реално, како што рече, биле фатени во криминал, а сега сакаат да се амнестираат.
Пратеникот на Беса потсети дека ништо не е реализирано од она што им било ветено од страна на поранешниот премиер Зоран Заев пред гласањето за уставните измени. Зендели побара измени на Изборниот законик во делот на изборните единици поради зголемениот или намалениот број на гласачи во одредени изборни единици пред да се оди на избори
Ново на Сител
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o
-
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди при извршување работни задачи
-
Двојно убиство попладнево во скопско Стајковци
-
Анкета на ИРИ: 68% од Македонците поддржуваат членство во ЕУ
-
„Епл“ ги претстави новите „Ајпад про“ таблети
-
„Опен-АИ“ со новости околу „Чет-ГПТ“
-
Словенец ќе биде главен судија во финалето на Лигата на шампионите