Бизнис
28. February 2017 - 15:04

Зголемен прометот со храна, пијалоци, тутун и гориво

Во јануари годинава во споредба со јануари минатата година е зголемен прометот во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 6,7 проценти, а реално за 7,1 процент) и трговија на мало, со автомобилски горива (номинално за 12,8 проценти, а реално за 1,1 процент), објави денеска Државниот завод за статистика.

Намалување на прометот, пак, има во „трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво“  (номинално за 8,3 проценти, а реално за 7 проценти) и во трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 1,4 проценти, а реално за 1,3 процент).