-->
-->
Жан-Ив ле Дриан: Иран би можел наскоро да има нуклеарно оружје
-->
Иран би можел да има нуклеарно оружје за една до две години доколку земјата продолжи да не го почитува нуклеарниот договор од 2015 година, изјави денеска францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дриан.
– Ако продолжат со кршење на Виенскиот договор, тогаш во многу краток рок, меѓу една и две години, би можеле да имаат пристап до нуклеарно оружје, што не е прифатлива опција, истакна Ле Дриан.
Министрите за надворешни работи на ЕУ ќе одржат денеска итен состанок, на кој ќе бараат начин да се прекине судирот меѓу САД и Иран.
Погрешната проценка на која било страна би можела да доведе Брисел да се соочи со војна и сериозна нуклеарна криза на својот праг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Герапетритис: Грчката Влада реагираше брзо и го интернационализираше прашањето по инаугурацијата на Сиљановска
-
Француската полиција уби вооружен маж кој се обидел да запали синагога
-
Бејби Лазања ја одби владината парична награда од 50.000 евра
-
Построги казни за пиење алкохол на јавно место на Мајорка и Ибица
-
Новости на „Гугл“ за „Андроид“
-
Роналдо повторно е најплатениот спортист во светот
-
Јувентус ќе игра против Милан во полуфиналето на италијанскиот Суперкуп
-
Ѓоковиќ: Никогаш нема да кажам кој е најдобар тенисер во историјата