Македонија
2. May 2024 - 16:37

Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции

Самоволие, недоразбирање или немање на комуникација – како и зошто Токсикологија не почитува мерки и препораки на надлежни институции? Забрана за влез на лица кои немаат никаков ангажман на клинииката е денешното решение на Државниот санитарен и здравствен инспекторат откако по контролата во вторникот утврдиле дека не биле почитувани нивните препораки од 23 ти април. Лица чии договори завршиле уште пред 4 месеци незаконски влегуваат во болнички простории.

-По точка 1 и 2 од решението издадено за опомена не се постапува, односно здравствените работници соработници коишто немаат договор за вработување, односно договорот им истекол на 31.

12. 2023 година истите се евидентираат и понатаму на Клиниката за токсикологија што значи дека под точка 1 и 2 не е постапено од решението, изјави Рената Младеновска, директор на ДСЗИ.

Организациската директорка со преведувач разговарала со инспекторите бидејќи не зборува македонски. Бесија Илјази не го потпишала претходното решение на ДСЗИ за разлика од медицинскиот директор чиј потпис го има. И Управниот одбор на клиниката кој заседавал денес, на страна на институциите – да се почитуваат решенијата на здравствените иснпектори.

-Како може лица кои немаат никаков договор со установа да с епојавуваат на работни места и да извршуваат можеби медицинск иактивности? – За тоа ќе ги прашате на Клиниката а сметам дека одговор треба да даде и Министерството за здравство, вели Младеновска.

Освен ДСЗИ и трудовиот инспекторат ја констатирал истата состојба и ги казни менаџерите на Токсикологија. Парично ќе бидат казнети и доколку не постапат по новото решение на здравствените инспектори.

 Проблемите на клиниката се од самото назначување на Бесија Илјази за директор. Вработени реагираа дека немаат никаква комуникација со организациската директорка, стручниот колегиум се пожали дека не ги почитува неговите одлуки а не го поптишува и договорот за осигурување па не се знае кој ќе ја плати штетата од поплавата која настана по пукањље на радијатор.