Алек Болдвин побара отфрлање на обвиненијата против него
Адвокатите на американскиот глумец Алек Болдвин побараа од Судот да ги отфрли обвиненијата за убиство од небрежност против него. Правниците тврдат дека обвинителите изнеле неосновани тврдења и обвинувања против Болдвин.
Станува збор за несреќното пукање кон кинематограферката Халина Хачинс во 2021 година, за време на снимањето на филмот „'Рѓа“, при што таа го загуби животот, а режисерот Џоел Соуза беше ранет. Судењето е закажано за 10 јули во американската сојузна држава Ново Мексико. Барањето на Болдвин уследи откако поротата ја осуди Хана Гутјерез-Рид за убиство од небрежност во одвоено судење. Гутјерез се соочува со затворска казна до 18 месеци.
И на Болдвин му се суди за убиство од небрежност. Според познавачи, пресудата на Гутјерез-Рид може да биде олеснителна околност за актерот, оти тој на 31 јануари годинава повторно се изјасни невин.
Судот во Ново Мексико повторно ја отвори кривичната постапка против него на 19 јануари, повеќе од две години по инцидентот и девет месеци откако беше првично обвинет за смртта на Хачинс. Претходните обвиненија против него беа отфрлени минатиот април кога обвинителите соопштија дека на виделина излегле нови информации што налагаат натамошна истрага.
Немилиот настан со исход - убиство се случи во октомври 2021 година, кога Болдвин вежбал пукање со пиштол за потребите на филмот. Глумецот тврди дека не знаел дека пиштолот бил наполнет со вистински куршуми.
Ново на Сител
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие