Американска фондација прогласена за „непожелна“ во Русија
Националната фондација за демократија, американска организација чија цел е демократија во светот, денеска стана првата странска невладина организација, која властите ја сметаат за „непожелна“ во Русија во рамки на новиот закон.
Оваа одлука на обвинителството мора да биде доставена до руското Министерство за правда, кое отсега мора да донесе забрана за активности на организацијата на руска територија.
- Земајќи ја предвид целта на активностите на организацијата, обвинителството дојде до заклучок дека таа претставува закана за темелите на уставниот систем на Русија, за нејзината одбрана и безбедност, се наведува во соопштение на главното руско обвинителство.
Обвинителството ја обвинува дека ги финансира невладините организации во Русија кои учествувале во „оспорувањето на резултатите од изборните кампањи, организирањето политички акции со цел влијание на носење одлуки на властите и дискредитирање на воената служба во руските оружени сили“.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
Мостот „Беласица“ целосно функционален
-
Зошто Токсикологија не почитува мерки на надлежни институции
-
Ќе се врати ли старата цена на осигурување за регистрација на возилата?
-
Обвинителството со огромен број докази за распределбата на спортски ваучери
-
ДУИ притиска: Без нас нема Влада - Од ВМРО-ДПМНЕ децидни Ахмети останува во опозиција
-
Парламентарни избори 2024
-
Вапцање велигденски јајца в зори на Велики Четврток